Skip to main content

Седницата во знак на „Проаква“ и локалната урбанистичка документација

Партиски препукувања за сметка на донесување конструктивни цели.

 |  Крсте Голабоски  | 

sednica na sovetИако  оваа седница требаше да помине во знакот на урбанизмот и донесување локалната урбанистичка планска документација за одделни градежни парцели, поинтересни за пратениците беа точките од дневниот ред поврзани со МЈП „Проаква“.

Најмногу врева крена одлуката за давање согласност на одлуката за кредитно задолжување на „Проаква“.

Ништо помалку интересна не беше ни Предлог одлуката за предавање на водоводната мрежа  од МЗ Вапила и Ливоишта на „Проаква“. Оваа точка секако, започна со споредбата со ситуацијата во Лескоец и обвинувања до првиот човек на „Проаква“.

Директорот на меѓуопштинското јавно претпријатие ја потенцира важноста и желбите од една и ингеренциите на локалната и „Проаква“, од друга страна за преземање на водоводната мрежа од МЗ Вапила и Ливоишта од страна на „Проаква“.

На оваа седница беа и предлог одлуките за утврдување потреба од изработка и донесување на локална планска документација која што е во согласност со новите измени на законот за просторно планирање. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираат важноста транспарентниот приод за донесување на овие предлог одлуки.

Денешната седница на советот на општина Охрид го потврди правилото дека советниците поголемиот дел  од времето и можноста да зборуваат и реагираат го трошат на меѓупартиски препукувања, наместо на конкретни реакции за конкретни проблеми кои не засегаат нас граѓаните на Охрид.
{loadposition content9}