Skip to main content

Изворите во Св Наум, сеуште со фекалии

Загадувачите досега не превзеле никави активности за решавање на проблемот.

 |  Татјана Маленкова  | 
cevka
цевка
Загадувачите досега не превзеле никави активности за решавање на проблемот. Локалната самоуправа најавува акција за нивно затворања.

Сопствениеците на угостителски објекти во Св Наум, незаинтересирани за изнаоѓање решение со кое ќе се стави крај на загадувањето на изворската вода. Очигледно седумте месеци кои локалната самоуправа им ги додели почнувајки од месец ноември мината година за да го решат проблемот со пречистување на отпадните и фекалните води кои се создаваат во текот на нивното работење,не им беа доволни. Началникот на комуналниот инспекторат, Танас Танаскоски вели дека приоритет на општина охрид е чистотата на изворите од охридското Езерото, па поради тоа локаланата ќе го почитува рокот кој им го дала, а после тоа ќе превземе поригорозни санкции.

„ Досега требаше да се превземат градежни работи околу прочистителната станица. До ден денес немаат поднесени ни докумнтација за која рокот кој им го дадовме е 30 мај. Ќе бидеме приморани да ги затвориме угостителските објекти“, вели началник на комунален инспекторат Танаскоски.

Иницијативата на општинскиот инспекторат следуваше откако минатото лето во Св. Наум беа регистрирани повеќе случаи на труење со загадена вода во која беа пронајдени колиформни бактерии од типот на ешерихија коли. Танаскоски вели дека според податоците со кои раполага локалната, водата во Св Наум се загадува и од воениот камп на АРМ.

„Комисијата составена од преставници од републилкиот завод за здрватсвена заштита, хидробиолошкиот завод и инспекторот по екологија, утврдија дека загадување има и од кампот од АРМ. Едноставно друго решение нема освем да се затворат тие објекти“, вели Танаскоски.

Покрај со загадување на изворската вода во Св. Наум, локалната се соочи и со загадување и на Билјанините извори. „Извештајот  на комисијата е при крај. Се знае кои се загадувачите, и спрема нив ќе се превземат соодветни законски мерки. Не зборувам само за издавање на глоби, туку затворање на објекти. Тоа ќе мора да го спроведеме, со цел да го заштитиме езерото“, вели Танаскоски.  

{loadposition content9}