Skip to main content

“Законот на долг рок ќе има ефект”-вели Бесими

Законот за заштита од пушење го донесе министерот Бесими во Охрид.

 |  Тања Маленкова  | 
Besimi
Бесими

zabraneto pushenjeЗаконот за заштита од пушењето е причината поради која министерот за економија Фатмир Бесими го посети Охрид. Тој имаше средба со претставници на угостителите и хотелиерите кои му се пожалија дека применaта на законот ги избрка гостите од нивните локали.

Законот за заштита од пушењето и покрај негодувањето на угостителите, се почитува и доследно се спроведува, што е добар сигнал за Македонија и напредок во функционирањето на пазарната економија , изјави министерот за економија, Фатмир Бесими по средбата во Охрид со претставници на угостителите и хотелиерите. Тој, пред новинарите, призна дека сопствениците на кафулињата се жалат дека прометот видно е намален по имплементацијата на законот.

„Наша проценка е дека законот долгорочно ќе има голем ефект. Траба да се сменат навиките на луѓето“, вели министерот Бесими.

Ерол Сулејманоски од  еснафот на угостителите вели дека Законот за заштита од пушењето е дискриминаторски и тешко применлив.

„ Треба да се најде одредено решение дека не треба да се врши контрола во големите објекти со голем капацитет каде што има музика и присутво на над 1.000 луѓе. Казните се многу високи и ригорозни и во такви случаи многу подобро е да се одбере да се затвори објектот отколку да се работи. Во разговорот со министерот ни беше речено дека тие имаат разбирање и ќе се бара модел да се реши тоа прашање”- вели Елвис Сулејманоски, угостител од Охрид.

Угостителите сметаат дека доколку ништо не се промени до почетокот на туристичката сезона, тоа ќе биде уште поголем удар за македонскиот туризам во време кога состојбите од ден на ден се влошуваат.
Угостителите и хотелиерите се пожалија дека воведувањето на законот за заштита од пушењето негативно се одразува на нивното работење и побараа негова измена. Министерот ги сослуша, посочувајќи дека во Парламентот веќе е покрената инцијатива за измени во законот, чија примарна цел, како што рече, е да го заштити здравјето на граѓаните.



{loadposition content9}