Skip to main content

Локалната, за едни мајка за други маќеа

Паркингот кај пазарот ги скара Алчев и Каневче.

 |  Тања Маленкова  | 

parkingКаневче од Ј.П “Билјанини извори” го бара она што градоначалникот писмено му го ветил уште во  месец ноември мината година, а Алчев во име на Ј.П.“Охридски комуналец” се спротиставува дека паркингот не е јавен туку на Ј.П. “Комуналец” . Тој уште додава дека доколку “Билјанини извори” го сакаат паркингот треба да плаќаат месечен надомест од 90 илјади денари.  

ЈП за стопанисување со спортски објекти и јавен паркинг простор си го бара ветеното. Иако одамна градоначалникот им врачил решение за стопанисување на Паркингот кај градскиот пазар, сеуште владение за него немаат. Со паркингот стопанисува “Охридски комуналец”, поточно тој е дел од работната еденица Пазар. „По добивањето на докумнтацијата со која имаме право да стопанисуваме со паркингот во неколку наврати се сретнавме со директорот на ЈП “Охридски Комуналец”, Сашо Алчев, меѓутоа до решение за проблемот не дојдовме, истакна директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти и јавен паркинг простор, Илче Каневче.

„Со директорот не можевме да најдеме решение па поради тоа донесовме одлука на управен одбор на ЈП “Билјанини извори” со која побаравме Комисијата за комунални дејности да го разгледа решението и да постапи по него. Доколку Комисијата не се одлучи побаравме советниците да одлучат по однос на решението“, вели директорот на ЈП “Бијланини извори”.

„Решенијата за стопанисување со јавните паркинзи ги добивме со формирањето на ЈП. Најпрво ни беше врачен докумнтот  за јавниот паркинг кај Градската нама, потоа за паркингот нај Горна Порта. Решение за стопанисување на паркинот кај Ривиера добивме на 31.11 минатата година, вели директорот Каневче.

„ Со истото решение и истиот датум е даден на стопанисување паркингот кај пазарот. Но до ден денес ние сеуште немаме право на стопанисување на тој простор“, вели Каневче.

Паркингот кај пазарот не е јавен,тој е во состав на ЈП “Охридски комуналец”,  дециден е директорот на ова ЈП. Тој вели дека Комуналец за да има употребна дозвола за управување со пазар,  мора да има сопствен паркинг простор во склоп на работната единица.


{loadposition content9}