Skip to main content

Паскали задоволна од бројот на одобрени проекти

Објавена програмата по која годинава ќе  работи Националната установа Завод и музеј.

 |  Тања Маленкова  | 
Zavod i muzej Ohrid
Завод и музеј Охрид

UranijaОбјавена програмата по која годинава ќе  работи Националната установа Завод и музеј.  Центарално место во неа зазема заштитата на културното наследство, конзервација и реставрација на цркви како и меѓународната соработка. Годинава конечно има пари и за Златнaта соба која ќе биде отворена за јавноста пред почетокот на летото.    

Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги финасира годинава. Директорката на Нациналната установа завод и музеј Тања Паскали иако сеуште не знае колку пари ќе добие заводот, сепак е задоволна од бројот на проекти кои им се одбрени за годинава.

Одобрените проекти генерално се продолжение на она што го работевме минатата  година, вели директорката Паскали.
Таа најавува дека годинава ќе продолжи санацијата на управната зграда на заводот, како и конзервација и раставрација на уште еден сектор од предградието на Самоиловата тврдина, на потегот од Горна Порта према Цитаделата.

Годинава заводот доби пари и за конзервација на фрескоживописот на четири цркви. Во три од нив црквите “Сите Свети” во Лешани, “Св Никола” во Косел и “Св Константин и Елена” во Охрид, работата се одвива во континуитет, додека прв пат годинава заводот добил средства и за конзервација на црквата “Св. Богородица Захумска” од Трпејца.
Паскали најавува дека министрвото ги одобрило и проектите кои се однесуваат на продолжување на археолошките истражувања на Самоиловата тврдина, а од музејската дејност конзервација на два ракописи. Има пари и за доопремување на Златната соба во куќата на Робевци, која за јавноста ќе биде отворена пред почетокот на туристичката сезона, вели директорката на Н.У.Завод и музеј.

Паскали најави дека националната установа ќе биде вклучена и во втората фаза од реализацијата на Музејот на вода. Директорката ветува дека како установа се подготвени и добро екипирани за да се соочат со предизвиците кои ги носи годинава.

{loadposition content9}