Skip to main content

Вработените во образованието останаа без пари за патни трошоци

Трошоците за превоз над 825 денари за вработените во основните и средни училишта во Охрид, укинати од страна на Министерството за образование и наука.

 |  Тања Маленкова  | 
Mitre Veljanoski
Митре Велјаноски

Централната власт продолжува да врши атак врз локалната, тврди раководителот на Секторот за јавни дејности при Локалната самоуправа во Охрид. Како доказ за ова тврдење, беше приложен дописот, кој Министерството го испратило до сите основни и средни училишта во Охрид, како и до самата Локална самоуправа. Со ова известување, од 01.01 2010 година трошоците за превоз се префрлаат на товар на буџетот на Локалната самоуправа, нaместо на досегашниот буџет на  Министерството за образование и наука.


veljanoski mitre

Овој допис, покрај во Охрид, доставен е до сите општини кои сеуште се во првата фаза на децентрализацијата, како и до сите основни и средни училишта во тие општини. Префрлањето на надлежноста за исплата на патните трошоци над 825 денари на Локалната самоуправа, Министерството за образование ја оправдува со насоките добиени од Министерството за финансии, а се врз основа на концептот за бруто плата. Сите оние, кои имаат законско право за користење средства за превоз, ги упатуваат свите побарувања да ги достават на адреса на Локалната самоуправа.

“Општина Охрид е во прва фаза од децентрализацијата и во образованието има надлежност само само врз објектите, а не и врз вработените и нивните плати. Во годинешниов буџет нема проектиирани средстав за патни трошоци. Тоа оди со втората фаза, односно со фискалната децентрализација и да е уште пострашно, во вториот дел од известувањето од Министерството, пишува дека средства за оваа намена се обезбедени со наменската дотација која ја добива Локалната самоуправа. ”-изјави Митре Велјановски, раководител на Секторот за јавни дејности.


Ни и кај средствата за наменската дотација има промена. На годишно ниво, наменската дотација за основно образование лани изнесувала близу 24,5 милиони денари, а за 2010 год. овие пари се намалени за 4,3 милиони денари, односно изнесуваат  20,2 милиони денари. Раководителот на Секторот за јавни дејности револтиран и на тоа што Министерството ги намалува наменските дотации за основно образование во услови кога енергенсите поскапуваат. Според Велјановски, ова значи дека определениот буџет за 2010 година не е доволен ни за основните трошоци на училиштата, а камоли да се користат и за дополнителни трошоци со кои Владата ги задолжува општините.



“Ако владата е во паника поради недостаток на финансиски средства во буџетот на РМ, не може сите тие недостатоци да ги накалеми врз Локалната самоуправа.”- додаде Велјаноски.


 
Дали со ова известување, односно со префрлањето на трошоците за превоз од централно на локално ниво во општините кои се сеуште во прва фаза од децентрализацијата, директно не се крши законот? Одговор на ова прашање побаравме од Министерството за образование. Од таму, иако ветија, до крајот на работното време одговор не добивме.

{loadposition content9}