Skip to main content

Болка од биење на срцето

Михаил Ренџов  добитник на наградата Григор Прличев, за неговата поема, “Предвесница”.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ahrida
Ахрида

Михаил Ренџов  добитник на наградата Григор Прличев, за неговата поема, “Предвесница”.

БистаНајстарата културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година и годинава одбележана со пригодна програма.

„Кога за прв пат ја добив награда во 1993 година, мислев дека ќе помине возбудата“, беа зборовите со кои Михаил Ренџов се заблагодари за наградата Григор Прличев. Неговата победничката поема „Предвесница“ навестува нов, апокалиптичен ден кој завршува со оптимизам, со раѓање на нов човек полн со добрини со белези на чистота. Но, возбудата за Ренџов е сеуште тука.

Само врвните специјалисти знаат за големината на Прличев и на неговите дела“, истакна академик Витомир Митевски, кој  ја претстави поемата „Предвесница“ на носителот на наградата Григор Прличев, Михаил Ренџов. Тој го потенцира и значењето на овој културен настан во одржувањето на поемата како литературна форма.

Со полагање на Лавров венец и свежо свеќе на бистата на Григор Прличев во дворот на  ОУ „Григор Прличев“, како и со откривањето на бистата во холот на училиштето, одбележан беше патрониот празник на училиштето, 6 февруари. За самата изработка на бистата беа потребни два месеци.

Ема Ошавков и Целеска Мартина беа младите скулптори чиешто дело ке го краси холот на училиштето. Тоа беше нивиниот голем придонес при создавањето на трајни вредности и достојно одбележување на името и делото на еден од нашите најголеми преродбеници.

Манифестацијата „Прличеви беседи“ во спомен на 117 години од смртта на познатиот поет – преродбеник Григор Прличев и јубилејните 150 години од издавањето на неговата поема „Сердарот” продолжи со Прличева визита во градската библиотека и беседите за венцоносецот во неговата родна куќа, за да заврши со панихида на неговиот гроб.

{loadposition content9}