Skip to main content

2000 евра казна за неплатена туристичка такса

Охридските хотели и приватните станоиздавачи започнаа редовно да ја плаќаат туристичката такса.

 |   | 
opshtina
општина

Охридските хотели и приватните станоиздавачи започнаа редовно да ја плаќаат туристичката такса.

ОхридМинатата година по овој основ хотелиерите и станоиздавчите уплатиле 19 милиони денари. Споредено со 2008 година, кога биле инкасирани 15  милиони денари, минатата година во касата на државата и локалната самоуправа се слеале 3  милиони денари повеќе вели раководителот на  општинскиот инспекторат Танас Танасоски.   
Наплатата се должи на промената на Законот за привремен престој каде што казните се високи. Казните за неплаќачите изнесуваат  до 2000 евра.

Против 4 големи хотели веќе се поднесени пријави за неплаќање на туристичката такса нагласува Танасоски. Пријавите се доставени до Комисијата при Министерството за економија додека за помалите објекти на приватните станоиздвачи досега нема изречена казна информираТанаскоски. Додава, иако локалната самоуправа подолго време е иницијатор за измена на оваа законска обврска затоа што единствено охридските угостители ја плаќаат туристичката такса во земјава, сепак субјектите ќе мора да ги подмируваат овие давачки додека работите не се изменат. Уплатите не можат да се вршат на рати туку секој 15 –ти ден во тековниот  месец за изминатиот. Статистичките показатели укажуваат дека туристите за сместување се повеќе ги избираат приватните соби отколку хотелите. Споредено со 2008 година, минатата туристичка сезона приватните станоиздавачи  реализирале 30.000 ноќевања повеќе во однос на хотелите.   


{loadposition content9}