Skip to main content

Дивоградбите ќе се рушат но списокот се намалува

Локалната не се откажува од рушењето на дивоградбите во Охрид.

 |  Тања Маленкова  | 
divogradbi
дивоградби

divogradbiЛокалната не се откажува од рушењето на дивоградбите во Охрид. Акцијата само се пролонгира поради лошото време, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој додаде дека се чека и стапувањето на сила на законот за легализација, за да се спаси и не се руши се што може да се легализира.

Во стариот дел од Охрид ќе се рушат 20-тина дивоградби, затоа што тие никако не можат да се легализираат, вели градоначалникот Александар Петрески. Се она што може да се вклопи, нема да се руши, дециден е Петрески.Списокот со дивоградби инспекторите одамна го имаат изготвено, се чека потопло време за да се спроведе акцијата. Листата на објектите ја направивме во соработка со заводот за заштита за спомениците на културата, додава градоначалникот.

Петрески уште еднаш упати апел до охриѓани доколку имаат дивоградби сами да си рушат, затоа што доколку нивниот објект не може да се легализира, рушењето нема да може да се избегне.

Инаку акцијата за рушењето на дивоградбите во Охрид, помпезно се најавува веќе 5 месеци, но никако да се реализира. Зачудува фактот што и бројот на објекти кои ќе бидат опфатени со акцијата од ден на ден е се помал. Не попусто се и обвинувањата на граѓаните дека на крај ќе се срушат само објектите пред распаѓање, гаражите и шупите.


{loadposition content9}