Skip to main content

Комуналец работеше и викендов

Расчистени дивите депонии во Лескоец. Со оваа акција се оствари дел од планот на локалната подеднакво да се уредени и центарот на Охрид, но и периферијата

 |  Татјана Маленкова  | 
gubre
ѓубре

gubreОхридски комуналец со полни раце работа.  ЈП во целост ги спроведува заложбите на локалната самоуправа, подеднакво да се уредени и центарот на Охрид, но и периферијата. Покрај зголеменото ангажирање на комуналците во чистење на кејот поради брановитото eзеро и неповолното време, деновиве вработените во ЈП покрај редовното собирање на сметот, превзедоа и вонредни активности за расчистување на дивите депонии.
Минатиов викенд, десеттина работници и механизацијата на „Комуналец“ беа aнгажирани на расчистување на дивите депонии во с. Лескоец. Се чистеше сметот натрупан на одредени локации, при што беа собрани огромни количини пластика, градежен шут и друг вид отпад, а покрај тоа се расчистуваше и теренот обраснат со грмушки, трева и друг отпад околу самиот коловоз.
„Комуналец“ ќе ги расчисти депониите и ќе го отстрани „сведоштвото“ за фрлање смет и пластика каде ке се стигне. Сега на ред се  самите жители на Лескоец да се погрижат малку повеке за чистотата и околината во која живеат. Не само затоа што тоа им е законска обврска (со Законот за јавна чистота), туку тоа првенствено е поради нив самите, велат од ЈП Охридски Комуналец. Директорот на ЈП Сашо Алчев во телефонскиот разговор за ТВ М најави дека Комуналец по асфалтирањето на улиците, редовно ќе се грижи за чистотата и во Велгошти, Косел, Лескоец и Пештани. Тој ветува дека како и Охрид така и овие населени места постојано ќе бидат чисти. Имаме и луѓе и механизација за да го спроведеме тоа, истакна Алче.

{loadposition content9}