Skip to main content

Денес Православните христијани со молитви и палење свеќи, со присуство на света архиерејска литургија го празнуваа Успението на Пресвета Богородица.

Денес Православните христијани со молитви и палење свеќи, со присуство на света архиерејска литургија го празнуваа  Успението на Пресвета Богородица.
 |  Валентина Нелоска  | 
Овој празник  посветен на мајката на Спасителот Исус Христос е  еден од најзначајните за верниците од православната вероисповед. Кога Исус бил распнат на крстот, Богородица стоела покрај него и плачела над судбината на својот син. Марија многу често го посетувала гробот Исусов и го молела Бога побргу да ја земе кај нејзиниот син. Набргу Господ и пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре.

Отец Љупчо Симиџиоски вели „денес Пресвета Богородица мајката на Спасителот Исус Христос е посредник меѓу Бога и луѓето. Сите молитви за здравје и спасение се упатени  кон неа. По желба на Богородица, таа  била погребана во Гетсиманската Градина до нејзините родители Јоаким и Ана и свршеникот Јосиф. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој посакал да го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот, но на општо изненадување телото не било внатре. Останал само покровот  од кој се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила на апостолите дека на третиот ден по погребот, Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото:

Денес во божјиот храм Успение на Прествета Богородива покрај големиот број свештено служители, чиноначлствуваше и неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско- Кичевски, господин Тимотеј.