Skip to main content

Туризмот ги спои локалната и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Од саемот за туризам во Истамбул, Охрид се врати со плакета за најдобар пријателски штанд. Според посетеноста на нашиот штанд но и според онаа народната „Ако денот се познава по утрото“, тогаш треба да очекуваме солидна туристичка сезона.

 |  Татјана Маленкова  | 
plaketa za najdobar shtand
плакета за најдобар штанд

plaketa za najdobar shtandТуризмот ги спои општина Охрид и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. По серијата обвинувања и од едните и од другите дека никако не можат да најдат заеднички јазик, сепак маката ги соедини. Дали конечно се досетија дека само со заеднички заложби Охрид може  достојно да биде претставен, или пак делењето на трошоците околу штандот, беше пресудно за оваа одлука. Инаку покрај локалната и агенцијата дел од македонскиот штанд беа и Битола и Маврово. Сите заедно имаа свое претставување, на 14-от меѓународен саем за туризам, на кој годинава беа презентирани вкупно 60 земји.

„Општина Охрид се претстави со сите културно историски богатства, хотелските и туристичките капацитети“, рече претставникот на општина Охрид, Илкер Мустафа.

„ Саемот траеше 4 дена, со тоа што, 2-та беа отворени за туристичките агенции и туроператорите. Двата дена беа остварени 40 000, а за четирите дена 100 000  посети“.

Заинтересираноста за посета на Охрид е многу голема, посебно од иселениците од овој крај. „Стапивме во контакт со голем број агенции, а остваривме и многу контакти“, додава Мустафа.

Македонските туристички агенции, кои беа на саемот, на нивните турски колеги им понудиле конкретни аранжмани. Било договрено понудата за посета на Македонија на турскиот пазар да биде наречена „Збогум Румелија“ по истоимениот филм кој се снимаше на овие простори, вели Мустафа.
Инаку од први март и дефинитивно стартува најавената инвестиција на  турски ТАФ во македонските аеродроми а со тоа и воведување на директни авионски линии од Истанбул до Скопје и Охрид со што престојот на гостите во земјава значително ќе биде олеснет.

{loadposition content9}