Skip to main content

Валентина Неловска од местото на авионската несреќа

Во 12 часот и 39 минути, едномоторен авион од типот „ Цесна“ се сруши во близина на Манастирот Св. Богородица, во излетничкото место на селото Скребатно.

 

 

 |  Валентина Нелоска  | 
Во 12 часот и 39 минути, едномоторен авион од типот „ Цесна“ се сруши во близина на Манастирот Св. Богородица, во излетничкото место на селото Скребатно.

Авионот го надлетувал просторот над манастирот и пуштал летоци кога почнал ненадејно да паѓа и удрил во кола тип Фичо без да испушти било каков звук.Во автомобилот се наоѓало девојче, но за среќа не било сериозно повредено. Во несреќата живото го загубија 4 лица кои биле во авионот. Неофицијално дознаваме дека станува збор за сопственикот на хотелот „ Ловец “ , негов зет од сестра, келнер од ресторан Ловец, како и политот кој управувал со леталото.

Екипите на СВР Охрид не излегуваат со официјлани информации затоа што сеуште работат на терен. По несреќата веднаш  пристигнале и екипите на Црвениот крст кој тука органзирале крводарителна акција, но утврдиле дека е доцна за укажување на помош на сега настраданите лица.

На местото на настанот имало колу 4000 до 5000 луѓе кои тука традиционално го слават празникот Успение на Пресвета Богородица. Луѓето по несреќата едноставно беа во шок. Избегната е поголема трагедија.

 

 

*** ВИДЕО ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА – КЛИКНИ ***