Skip to main content

Водата од Билјанини извори не е за пиење

Водата од Билјанини Извори е повремено неупотреблива, тврдат од Центарот за јавно здравје. Директорот овие свои сознанија ги поткрепи покажувајки ги резултатите од испитувањата. Овој месец од 7 примероци вода од Билјанини извори во 4 е пронајдено присуство на фекалии, вели специјалистот по санитарна хемија, Сашо Точков. 

 |  Тања Маленкова  | 
Biljanini Izvori
Биљанини Извори

Biljanini izvoriВодата од Билјанини Извори е повремено неупотреблива, тврдат од Центарот за јавно здравје. Директорот овие свои сознанија ги поткрепи покажувајки ги резултатите од испитувањата. Овој месец од 7 примероци вода од Билјанини извори во 4 е пронајдено присуство на фекалии, вели специјалистот по санитарна хемија, Сашо Точков.  

Резултатите од нашите испитувања покажуваат дека водата од Билјанини Извори е повремено неупотреблива, тврди директорот на центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.
„Разочаран сум поради ниското ниво на комуникација со определени луѓе од локалната самоуправа, поради кои сме приморани да се дементираме за теми исклучително важни за граѓаните“, додава директорот.Тој уште порача, дневната политика да се тргне од Центарот за јавно здравје.

„ Доведувањето на луѓето во  заблуда, дали водата е исправна или не е, според Законот за безбедност на вода е кривично дело“,појаснува Михаилов.


Директорот тврди дека Локалната самоуправа искажува низа невистини околку квалитетот на изворската вода во Билјанини и Св.Наум. На наведените датуми од страна на општина Охрид, Хидробиолошкиот завод  воопшто не вршел испитувања, вели директорот на центарот.

Михаилов повтори  дека проблемот ќе биде присутен се додека не се реши фекалната канализација над Билјанини. Нема видливи резулатати ни од работата на работаната група која беше формирана на иницијатива на локалната во месец октомври.
„Работната група постави одредени цели и задачи од кои дел се во завршна фаза, а останатите треба да бидат обелоденети до крајот на месец фавруари“, истакна Сашо Точков, кој како член на работната група го претствавува центарот за јавно здравје.Точков уште потенцира дека секоја недела се испитува квалитетот на водата од Билјанини извори.

„ Од седум  земени примероци  од Билјанини, четири покажуваат дека има патогени бактерии ешерихија коли и ентерокок“, вели специјалист по санитарна хемија Точков.

Михаилов и Точко потенцираа дека мора под итно да се реши проблемот со загадувачите на водата во Билјанини извори и Св. Наум за да не ни се случи трагедијата од минатата година кога поголема група на туристи беа заразени поради пиењето на вода во Свети Наум.


{loadposition content}