Skip to main content

Традицијата на „Опел Старт“ продолжува

„Опел Старт“ одбележа јубилеј од  две децении постоење.

 |  Валентина Неловска  | 
torta
торта

blagodarnicaСо традиција од 20 години успешно работење и само неколку вработени на почетокот,  денес „Опел Старт“ е  реномиран продажен авто-салон, кој брои околу 20-тина вработени кои се вклучени во  активноста на фирмата.
Во текот на двете децении од постоењето  на авто салонот, љубовта кон автомобилите му дала поттик на соптвеникот Глигор Пљакоски, својот животен век да го посвети на продажба и сервисирање возила.
Управителот на авто-салонот Горан Чалоски пред бројните гости истакна дека успехот на „Опел Старт“ се должи на довербата која купувачите ја имаат кон нив. Не беа заборавени ни поранешните, ни сегашните вработени.
На прославата по повод 2 децении од постоењето на „Опел Старт“ присуствуваа голем број пријатели, купувачи и соработници. Во знак на благодарност беа врачени и плакети за првите купувачи  на нивните возила.
Благодарници беа доделени на Охридска банка, Гоце Паскоски и Душанка Кавај.






{loadposition content9}