Skip to main content

Дамјан Пејчиноски, прв на on-line гитаријада

На “Shred this too” гитарски натпревар генијалниот, охридски гитарист, Дамјан Пејчиноски  го освои првото место во конкуренција од 318 гитаристи од целиот свет.

 |  Валентина Неловска  | 
Damjan Pejcinoski
Дамјан Пејчиноски

Damjan PejcinoskiНа “Shred this too” гитарски натпревар генијалниот, охридски гитарист, Дамјан Пејчиноски  го освои првото место во конкуренција од 318 гитаристи од целиот свет.

Ова беше одлука на жирито во состав: специјален гости-судија беше Марко Сфогли од Италија,гитарист во бендот на Џејмс Лабрие(пејачот на Дрим театер)Рик Греам и Том Квејл од Англија, Магнус Олсон од Шведкса и Крис Брукс од Австралија.

После Дамјан Пејчиноски, второ пласиран беше Тум Симарат од Тајланд, на трето место се најде Брајан Еспи од САД.

Интернационалниот успех на генијалниот гитарист Дамјан Пејчиноски започна во јуни мината година,кога  постигна голем успех на музичкиот натпревар „Гитар Идол 2009 “ во Лондон.  Настапот на овој фестивал му овозможи многу контакти со познати музичари кои заинтересирано ја следат неговата музичка кариера.



{loadposition content}