Skip to main content

Просветни инспектори го скенираат ОУ „Св. Климент Охридски“

Тим од државни просветни инспектори трет ден  ја скенираат работата на основното училиште „Св.Климент Охридски“. Под лупа се ставени планирањето и подготвувањето на наставата, следење на наставните часови, постигнувањата на учениците, работата на наставниците, раководењето со институцијата како и целокупната инфраструктура.

 |  Валентина Неловска  | 
Sv. kliment Ohridski
Св. климент Охридски

UcilishteТим од државни просветни инспектори трет ден  ја скенираат работата на основното училиште „Св.Климент Охридски“. Под лупа се ставени планирањето и подготвувањето на наставата, следење на наставните часови, постигнувањата на учениците, работата на наставниците, раководењето со институцијата како и целокупната инфраструктура.

Претседателот на инспекцискиот тим, Митре Шуминоски,  нагласува дека работата на ова училиште е случаен избор за нивниот увид. Контролата има за цел учениците да добијат подобар наставен  и образовен процес во училиштата, вели Шуминоски.
Забелешките, сугестиите и проблемите просветните инспектори ќе ги стават во извештај. Доколку во училиштето се  констатираат негативности ќе достават  решение за тоа како работите да се подобрат.
За 6 месеци ќе следува повторна контрола. Директорката  Славица Илиќ  од контролата очекува реално согледување на состојбите и работењето. Признава дека, како и сите други училишта, имаат и позитивни и негативни страни, но во наставничкиот кадар има ентузијасти и оптимисти кои придонесуваат училиштето да биде подобро секој ден.
После три години ќе следува повторен надзор на училиштето, а потоа ќе следува и оценување на школото од 1 до 4.
Вакви контроли се преземаат и во други основни и средни училишта во земјата. Доколку некое училиште добие негативна оценка тогаш ќе следува и преземање на ригорозни мерки против училишното раководство информираат од државниот просветен инспекторат.


{loadposition content9}