Skip to main content

Градоначалникот побара совет од експерти

Доктори на науки, екологисти, архитекти, претставници од „Проаква“ седнаа на иста маса со градоначалникот. Дискутираа за новонастаната состојба со водостојот на Охридското езеро и опасноста од негово излевање.

 |  Татјана Маленкова  | 
ezero
езеро

tribinaДоктори на науки, екологисти, архитекти, претставници од „Проаква“ седнаа на иста маса со градоначалникот. Дискутираа за новонастаната состојба со водостојот на Охридското езеро и опасноста од негово излевање.

„ Мора да се превземат мерки во домен на градоначалникот за да се спречи оваа состојба“, рече д-р Здравко Крстаноски од хидробилошкиот институт.

На прашањето дали смее Охридското езеро да се третира како акумулација, Крстаноски потенцираше дека тоа е проблем кој е решен уште пред 55 години, со изгадбата на ХЕЦ Глобочица и Шпиље, затоа што дел од езерото уште тогаш бил одреден да служи за енергетските потреби на Р. Македонија.

„Состојбата со колекторскиот систем е крајно критична, години наназад. Системот е проектиран за 120 илјади жители или на годишно ново тој може да сервисира 5 милиони кубици фекална вода. Последнава година сервисиравме 16 милиони кубици или 4 пати повеќе. Системот е преоптоварен и прашање е на време кога ќе попушти, истакна директорот на ЈП „Проаква“, Бранко Трпчевски.

Во Пештани поплавите предизвикаа големи проблеми. Куќите се наполнаа со вода , но од обилните дождови се наполнаа и септичките јами. Поради тоа Институтот за јавно здравје –  Скопје, дневно ја следи ситуацијата. Правиме дневни анализи на водата за пиење, рече директорот на Регионалниот центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов.


Михаилов додаде дека ценатрот дневно ја следи  состојбата и со сите извори и од народски кажано  живите води. „Водата за пиење засега е сосема во ред, тврди директорот.
Албанија, по поплавите во Скадар побара од македонската влада да се промени котата на езерото. „Несмееме да дозволиме да се покачи котата за 30- 40 см. Тоа би било навистина проблем кој ќе ни се одрази“ вели архитектот Димират Зарчев.


„Временските неприлики си го прават своето, но сепак сметам дека клучен фактор за наглото зголемување на нивото на езерото е човекот“- вели градоначалникот ,Александар Петрески.


Инаку нивото на Охридското езеро според официјалните мерења, денеска е на котата 693,98, односно 23 сантиметри повисоко од максималната утврдена граница. Врнежите, подземните води, топењето на снегот, придонесоа нивото на езерото  во последното деноноќие да порасне за 3 сантиметри
{loadposition content}