Skip to main content

Сорабтока на студентите стоматолози на меѓународно ниво

Сојузот на студенти по стоматологија на Македонија, од денес во наредните пет дена е организатор на полугодишниот состанок на Меѓународната асоцијација на студенти стоматолози.

 |  Голабоски Крсте  | 
studenti
студенти

studentiУште една можност за македонските студенти по стоматологија, да разменат искуства со своите колеги од другите земји. Покрај дружењето, идните стоматолози ќе имаат можност, да се запознаат со студентските програми од другите земји и да презентираат свои идеи за проекти кои би сакале да се реализираат.

Организацијата на полугодишниот состанок на Меѓународната асоцијација на студенти стоматолози е можност македонските студенти стоматолози, одблиску да се запознаат со работата на оваа организација како и нејзиниот моментален статус. Станува збор за асоцијација која обединува студенти стоматолози од 32 земји, а моментално работи на девет проекти. Исто така ова е можност за нашите студенти да ги презентираат своите идеи за научно-истражувачки проекти.

Едно од главните обележја на оваа асоцијација е и  волонтерската работа, на околу десет дестинации низ целиот свет. Тука спаѓа работата со пациентите кои боледуваат од дијабетис, посетата на детските градинки како и посета на руралните подрачја низ целиот свет и помагање на лицата кои не можат да си дозволат редовна посета на стоматолог. Ова лето следува и годишниот состанок на асоцијацијата на кој ќе учествуваат околу 200 студенти од целиот свет и Македонија.


{loadposition content9}