Skip to main content

Стечајните работници со над 25 години стаж, повторно на протести

Здруженијата од цела Македонија обединети во Унија за здруженија на Р. Македонија, утре ќе протестираат пред владата.

 |  Татјана Маленкова  | 
Nikolovski
Николовски

protestiОдлуката за протести била донесена на состанок одржан во Куманово на 10-ти  февруари годинава, на кој присуствувале претставници на Здружението на граѓани, загубари, технолошки вишок и стечајни работници од Охрид, во  соработка со сите здруженија од градовите во Р. Македонија. На протестите стечајците ќе настапат како Унија за здруженија на Р. Македонија.

„Ние од владата бараме само да бидеме згрижени како што беа згрижени нашите колеги со Бранковиот закон. Пред уставот на Р Македонија треба да бидеме сите еднакви“, рече претседателот на загубари, технолошки вишок и стечајни работници Иван Николовски.

Протестите се организирани со цел, остварување на уставните и законските права на граѓаните на Р. Македонија, рече Николоски. Тој додаде дека деновиве трпи страшни владини притисоци за да се откаже од намерата да ги предводи охриѓани на протести.

„ Постојано ми се закануваат, а полицијата нон-стоп ме бара, вели Николовски, но јас не се откажувам од нашите намери“, додаде тој.

Овие протести се продолжение на оние од пролетта минатата година, кога стечајните работници долг период протестираа пред владата сместени во шатори.  По овие лоши слики за Македонија, започнаа преговори од кои полза извлекоа само дел од стечајците.

Инаку од околу 760 лица заведени во охридското здружение на стечајни работници со над 25 години работен стаж, на протести ќе одат само педесетина поради финансиски проблеми. Протестите ќе се одржат утре од 12.00 часот.


{loadposition content9}