Skip to main content

„Аватар“ наскоро во Охрид!

Само два дена после ноќта на Оскарите, охриѓани ќе можат да го погледнат филмскиот хит „Аватар“.

 |  Крсте Голабовски  | 
avatar
аватар
repertoarНо пред оваа премниера, за најмладите ќе се прикажува „Мачорот во чизми“. Ови две премиери претставуваат мини најава на овогодинешната кино филмска сезона.
„Мачорот во чизми“ за најмладите и „Аватар“ за љубителите на филмските мегаспектакли на кино репертоарот во Охрид. Од Центарот за култура информираат дека „Мачорот во чизми“ децата ќе може да го погледнат на 4-ти и 5-ти март, односно во петок и сабота. Потоа следува вистинскиот филмски деликатес. Научно-фантастичниот блокбастер, „Аватар“ кој во светот заработи близу две милијарди ќе се прикажува од десетти март. Ова филмско оставрување е можеби и еден од најочекуваните филмови во првата деценија на новиот милениум, а со буџетот во износ од 237 милиони долари, спаѓа во најскапите филмски проекти на сите времиња. Директорката на  НУ Центар за Култура „Григор Прличев“ од Охрид изјави дека овие две премиери не се случаен настан.
Од центарот за култура истакнуваат дека, финансиски средства за прикажување на овие два премиерни филмови се обезбедени преку Министерството за култура. Исто така Боцевска потенцира дека периодот кој е пред нив е обезбеден за работа на техничко осовременување на киното кое функционира во склоп на центарот, за што средства се добиени од Министерството.Инаку охриѓани ќе имаат ретка можност да погледнат филм кој само на својата премиера, заработи милиони долари од продажбата на картите, соборувајќи ги сите рекорди за еден оригинален филм. Филмот достигнува рекордна гледаност и огромна заработка, влегувајќи во листата на најпрофитабилни филмови некогаш снимени. Добитник е и за Златен Глобус во категоријата за “најдобар филм“, а и за неговото остварување за “најдобар режисер“.


{loadposition content}