Skip to main content

Стилизмот во Охрид постои

Сашко Георгиески е дел од европскиот тим на „Шварцкопф“. Сите позитивни искуства на највисоко и најквалитетно ниво од Париз и Европа, Георгиевски успешно ги докажа во Охрид.

 |  Биљана Николовска  | 
Sashko Ars Nova
Сашко Арс Нова

Sashko Ars NovaСашко Георгиески е дел од европскиот тим на „ШварцкопФ“. Сите позитивни искуства на највисоко и најквалитетно ниво од Париз и Европа, Георгиевски успешно ги докажа во Охрид.

Салонот за убавина „Арс Нова“ го одбележува својот 11-ти роденден. По тој повод, Сашко Георгиески, единствениот стилист во Охрид, докажан на врвната академија кај познатиот француски стилист Патрик Алез од Париз, ни го раскажа патот на својот успех. Георгиески кажа дека не е лесно да се работи во една специфична средина како што е Охрид и да се задоволат најразличните вкусови на клиентите.
На идеите им нема крај, вели Георгиевски. „Мојата посета на ексклузивните look едукации кои се одржуваат три пати во годината во Будимпешта, Виена и Прага се само мотив плус во Охрид да донесам уште многу новитети, додава тој“. Конкретно за што станува збор Георгиески не сакаше да прецизира но кажа дека во моментов неговите идеи за комплет стајлинг добро се прифатени од страна на неговите клиенти.
Георгиески беше присутен и во медиумскиот етер. Тоа многу му помогнало за придобивање на симпатиите на своите клиенти. Сепак работата во неговиот салон, Арс Нова е она што го исполнува.
Учеството на многу ревии и соработките надвор од земјата како што е Србија, Албанија се составен дел од неговиот ангажман. Бројните дипломи од Париз, се дополнителен мотив Георгиески уште многу да работи. Како круна на се досега сработено ќе биде гламурозната ревија која е предвидена за крај на годината.


{loadposition content}