Skip to main content

Ресторанот „Острово“ кај Св. Наум затворен

Предупредувањата од страна на Комуналниот инспекторат од Охрид се остварија. Изворските води кај Св. Наум, но и кај  Билјанини извори мора да се заштитат по секоја цена, став е на работната група која е формирана токму со таа цел.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sv. Naum
Св. Наум
Sv. NaumПредупредувањата од страна на Комуналниот инспекторат од Охрид се остварија. Изворските води кај Св. Наум, но и кај  Билјанини извори мора да се заштитат по секоја цена, став е на работната група која е формирана токму со таа цел.

Се одржа состанок на работната група на ескспертски тимови на Регионалниот центар за јавно здравје, Хидробиолошкиот завод, МЈП „Проаква“ и на Локалната самоуправа. Целта на оваа група, која беше формирана минатата година, е да го следи загадувањето на изворските води на Биљанини извори и кај Св. Наум. На вчерашниот состанокот се дискутирало за моменталната состојба со загадувањето на изворските води на овие две локации и конечно, со сигурност се знаат и директните загадувачи.

Како главен загадувач на водата во изворите во Св. Наум е посочен  ресторанот „Острово“, кој поседува несодветна пречистителна станица. Истиот доби забрана за работа и е затворен од страна на Комуналниот инспекторат од Охрид

Вториот директен загадувач, хотелскиот комплекс „Маркони“, минатата година од инспекторатот при Локалната самоуправа, доби налог за изградба на пречистителна станица. На вчерашниот состанок бил презентиран елаборат за истата, со краен рок за нејзина изградба до месец мај оваа година.
Потребата од ваква станица е повеќе од неопходна, имајќи го во предвид фактот дека
загадувањето на изворот Св. Петка доаѓа од септичките јами на конаците од хотелот Маркони и ресторанот. Иако станува збор за стари септички јами кои моментално се исчистени, сепак истите се примарен загадувач на изворот Св. Петка, за ТВМ потенцира Сашо Точков. Како загадувачи на оваа локација исто така се посочени и јавните тоалети.

Што се однесува до квалитетот на водата од „Биљанини извори“ најновите испитувања покажуваат дека загадувањата се од времен карактер, односно дека појавата на бактерии во овие води варира.
Со цел да се реши проблемот со квалитетот на водата од овие извори, од страна на работната група се посочени следните критични локации:
бачилото кај Рача и двете куќи кои се најблиску до изворите односно нивните септички јами. Неповолните временски услови и обилните врнежи изминатиов период, придонесуваат за континуирано загадување на надземните и подземните водите. Експертите посочуваат дека сопствениците на живите води во градов во овој период би требало да се воздржат од нивна употреба.


{loadposition content9}