Skip to main content

Михаилов : „Оди си од функцијата градоначалнику!“

Новиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов официјално  се појави пред новинарите. Првиот човек на  општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во своето  прво обраќање до јавноста упати прашања и  критики на адреса на градоначалникот Александар Петрески, кој утрово со општинска делегација отпатува на две недели за Австралија.

 |  Валентина Неловска  | 
Atanasko Mihailov
Атанаско Михаилов
pres VMRO_DPMNEНовиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов официјално  се појави пред новинарите. Првиот човек на  општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во своето  прво обраќање до јавноста упати прашања и  критики на адреса на градоначалникот Александар Петрески, кој утрово со општинска делегација отпатува на две недели за Австралија. Михаилов праша, каква одговорност, морал и чест има градоначалникот да патува кога на градот му се случува катастрофа заради лошите временски неприлики.
Прашува,  колку ќе го чини патувањето на Петрески со бизнис – тајфата и дали со тие пари неможеле  да се решат бројните   комунални проблеми на граѓаните.
Кај Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ голем интерес предизвика и составот на делегацијата со која градоначалникот Петрески замина за  Австралија.Без да спомне имиња, Михаилов праша дали се тоа луѓе со бизнис заслуги и лојални новинари кои помогнаа во ширење на паниката за состојбата на Охрид. Дали со себе ги носи бизнис пријателите кои го исцедија Охрид. Кажа дека се  отишло до таму што членовите од делегацијата се преставуваат како советници и членови на советот.
„Кого лажете?“- праша Михаилов.
Првиот човек на оштинската ВМРО ДПМНЕ, Михаилов, кажа дека тие знаат дека Петрески  е неодговорен и несовесен за функцијата која ја има. И смета дека и граѓаните треба да знаат како градоначалникот го деградира Охрид и му порача да си оди од оваа функција.
{loadposition content}