Skip to main content

Кик-бокс старт за Охриѓани

Кик-боксерите од кик-бокс клубот „Мастер“ од Охрид, со нок-аут ја започнаа оваа година.

 |  Крсте Голабовски  | 
kik-box
кик-бокс
kik-boksКик-боксерите од кик-бокс клубот „Мастер“ од Охрид, со нок-аут ја започнаа оваа година.

На ревијалниот турнир одржан во Тетово, од петмината охридски кик-боксери од овој клуб, двајца се вратија со нок-аут победа.  

Кик-боксот во Охрид живее. Хазир Емуш веќе една и пол година е член на кик-бокс клубот „Мастер“. Првите позитивни резултати се тука. Од неодамнешниот ревијален трунир кој се одржа во Тетово, на кој учество зедоа кик-бокс клубови од целата држава, тој се врати со победа. На турнирот беа застапени дисциплините фул-контакт и лоу-кик-к еден дисциплина. Негов сон е да стане дел од македонската кик бокс репрезентација.

Младите кик-боксери од Охрид успешно се изборија со периодот на стагнација, кој го има зафатено спортот во нашиов град и само по неколку месеци успешно тренирање се вратија со први резултати. Имено на ревијалниот трунир во Тетово, на кој учество зедоа кик-бокс клубови од целата држава, како од Тетово, Неготино, Струмица, Кичево, Гостивар, нашиот град го претставуваа два клуба. Охриѓаните Арџент Узеири и Зоран Донев, од клубот „Мастер“ ги завршија натпреварите со нок-аут, додека Хазир Емуш и Марјан Ангелоски останаа без можност да ги покажат своите вештини бидејќи нивните противници не се ни појавиле. Следен предизвик за младите спортисти од е турнирот во кик-бокс кој ќе се одржи во Струмица.
Попоски потенцираше дека сесрдна помош добиле од СРЦ „Биљанини извори“ како и  од некои вљубеници во спортот, без кои ваквите резултати не би биле возможни. Тој апелираше до сите релевантни фактори од градов за помош за афирмацијата на овој спорт.

{loadposition content9}