Skip to main content

За добра туристичка понуда треба повеќе од субвенции

Македонија со скромен штанд ке ја  презентира својата туристичка понуда на најголемиот светски саем на туризам годинава во Берлин.

 |  Крсте Голабовски  | 
Krombah
Кромбах

Saem BErlinМакедонија со скромен штанд ке ја  презентира својата туристичка понуда на најголемиот светски саем на туризам годинава во Берлин.
Централната промоција на Македонија со музика, вино и специјалитети е закажана за утре напладне!
Презентација на нашата туристичка понуда на најголемиот саем за туризам кој годинава се одржува во Берлин- Германија, многу скромна. Ова е констатација на  Волтер Кромбах, ветеран во германската бранша на туризмот.Кромбах кој воедно е и  раководител на Вили Шарнов-фондацијата за туризам која веќе прави напори да и помогне на Македонија да се пробие до германските туристи вели дека Македонскиот штанд е украсен само со неколку веќе видени постери за туристичката понуда, а информациите за истата стигнале дури вчера. Организаторите од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекуваат дека светот ќе пристигне во Македонија само благодарение на субвенциите кои ги одобри владата и според кои, туроператорите од Германија ќе добиваат по 25 евра назад од секој донесен турист кој ќе има три ноќевања во земјата, сметаат експертите.
Тие се сомневаат дека ова е доволно и велат дека е потребно поинакво гледање на туризмот. Кромбах дециден „Нема да има гости без ефтини летови. Кон Скопје и Охрид нема ниту една директна авионска линија и тоа е уште еден од проблемите.Можеби и најголемиот. Потребно е да се направи напор за ангажирање на некоја од ефтините компании како „Рајан ер“ или „Изи џет“ да летаат кон Скопје или Охрид. Со тоа, многу луѓе кои немаат вистинска претстава за Македонија, ќе добијат шанса да го видат Скопје, да го запознаат Охрид и да видат каква интересна понуда има земјата, па по некое време, повторно да дојдат како вистински туристи“.Со по агресивна презентација ќе може да се запознае туристичкиот пазар со тоа што Македонија навистина го нуди како неоткриена дестинација, посебно за оние кои сакаат планинарење, пешачење или возење велосипед, вели овој туристички експерт.
Ова го потврдува и фактот што велигденските празници се пред нас, а  интересот за посета на Македонија како туристичка дестинација за овој период е навистина мал. Охридските хотелиери се загрижени. Освен неколку помали групи на туристи од земјите во најблиското опкружување, кои се најавени за велигденските празници, ништо спектакуларно не се очекува. Ако интересот и пополнетоста на сместувачките туристички капацитети за време на  Велигденските празници е барометар за тоа каква сезона не очекува, од Агенцијата за промоција и развој на туризмот навистина треба да се замислат.
{loadposition content}