Skip to main content

Категоризација, што побрзо, тоа поарно…

Сите физички лица сопственици на угостителски објекти од мал обем, на кои им е истечена важноста на решението за категоризација, треба истото да го продолжат.

 |  Крсте Голабовски  | 
kategorizacija
категоризација
apartmaniСите физички лица сопственици на угостителски објекти од мал обем, на кои им е истечена важноста на решението за категоризација, треба истото да го продолжат.

Против оние кои не поседуваат вакви решенија или важноста на истите е истечена, ќе бидат преземени соодветни казнени мерки.

Законот за угостителска дејност е дециден. Според него, сопствениците на угостителски објекти од мал обем мора да го продолжат решението за извршена категоризација, доколку сакаат да продолжат да се занимаваат со вршење на туристичко угостителска дејност.

Прво што треба да направи давателот на угостителските услуги во куќа, апартман или соба за одмор, односно физичкото лице кое е сопственик на
сместувачкиот објект, е да поднесе молба за категоризација на објектот до Oдделението за туризам – Општина Охрид. Со ова започнува процедурата за
добивање решение за категоризација и регистрирање во регистарот на вршители на угостителска дејност од мал обем. Мустафа Илкер од Одделението за туризам од Охрид, информира дека по доставувањето на барањето, комисија излегува на терен и согласно правилникот ги утврдува минимално-техничките услови за продолжување на веќе постоечкото решение или добивање на ново.

Од Одделението за туризам информираат дека веќе се поднесни првите барања. Финансиските средства кои треба да ги издвојат сопствениците на угостителски објекти од мал обем се минимални. 50 денари изнесува Барањето за утврдување на минимално-техничките услови и 200 денари се потребни за подигање на решението. Против физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат извршено категоризација, согласно законот ќе се превземаат казнени мерки. Парични казни следуваат и за правните и за физичките лица кои не ја подмируваат туристичката такса за гостите кои престојуваат во нивните објекти.
{loadposition content9}