Skip to main content

Петрески ја посети фамилијата Митреви

Откако ТВМ ја пренесе сликата за бедата на ова семејство, почна позасилено да доаѓа помош за Митереви. Петрески увиде дека ова семејство нема елементарни услови за живот и рече дека веднаш ќе превземе активности привремено да го реши овој проблем.

 |  Билјана Николовска  | 
Mitrevi
Митреви
PetreskiОткако ТВМ ја пренесе сликата за бедата на ова семејство, почна позасилено да доаѓа помош за Митереви. Петрески увиде дека ова семејство нема елементарни услови за живот и рече дека веднаш ќе превземе активности привремено да го реши овој проблем.

Неизмерна радост и доверба во очите на петтчленото семејство Митереви кога пред нивниот дом застана градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Скромни во своите побарувања тие на градоначалникот му ја кажаа состојбата во која се наоѓаат, а тоа е живот на свеќа без струја, огрев и храна. Во тоа се увери лично и Петрески кој рече дека од лошо имало и полошо. Тој кажа дека очигледна е состојбата на ова семејство кое нема елементарни услови за живот, додаде дека под итно ќе превземе мерки да ја ублажи оваа беда.
Ацо Митрев, кога не виде, не им веруваше на своите очи. Го затекнавме надвор, како во импровизираната  када, пере алишта. Рече дека жена му Босилка поради нашата посета нас зела слободен ден, да не пречека и искаже голема благодарност.
Неговата ќерка Катерина, ни раскажа како поминува нејзиниот школски живот. „Добро сум прифатена од наставниците и психологот, но некои од децата не ме прифаќаат. Поради мојата облека не ме вклучуваат во приредби иако сакам и јас да учествувам“.
Петрески рече дека оваа слика на беда на едно социјално загрозено семејство уште повеќе го поттикна да размислува на кој начин општината би можела да изгради една зграда, во која би биле сместени повеќе вакви семејства. После оваа посета на градоначалникот Петрески, очекуваме во многу да се подобри состојбата на ова петтчлено семејство. Но, ова нека биде добар повод и Центарот за Социјални грижи да ги посети и покрај еднократна помош да обезбеди и други погодности за ваквите семејства.

{loadposition content9}