Skip to main content

Трибина на опозицискиот фронт

Трибината ја отвори претседаелот на ОО на СДСМ Наум Јованоски. Стојан Андов, Ѓорѓи Оровчанец и Андреј Петров како дел од опозициониот фронт пред присутните збруваа за актуелните состојби во земјава и начинот како да се собори актуелната владеачка гарнитура.

 |  Татјана Маленкова  | 
tribina sdsm
трибина сдсм
tribinaТрибината ја отвори претседаелот на ОО на СДСМ Наум Јованоски. Стојан Андов, Ѓорѓи Оровчанец и Андреј Петров како дел од опозициониот фронт пред присутните збруваа за актуелните состојби во земјава и начинот како да се собори актуелната владеачка гарнитура.


Средба на опозициониот фронт во Охрид. „Време за акција, време за отпор, време за фронт“ е мотото на собирот на кој учествуваа  дел од партиите од опозициониот фронт. Стојан Андов, Ѓорѓи Оровчанец и Андреј Петров како дел од опозициониот фронт предовден од СДСМ синоќа пред своето членство зборуваа за актуелните состојби во земјава и начинот како да се собори актуелната владеачка гарнитура.

„ Ова е во рамките  на опозициониот фронт, дефинирање на политичарите, економските и социјаните состојби како и организирање на опозиционата борба и опозициониот фронт, во заеднички настап против оваа власт која дефинитивно го изгуби својот компас, вели Ѓорѓи Оровчанец – претседател на Нова алтернатива.

Оровчанец воопшто не е оптимист за прашањето за Спортот со Грција околку нашето уставно име. Тој за предлогот „Северна македонија“ вели: „ За опозицијата е прифатливо она решение кое што ќе го реши проблемот во Македонија, а воедо и нема да не запре во идентитетот на Македонскиот народ“. Оровчанец даде свој коментар и на парашањето дали очекува предвремени избори во државава. Според него цитирам: „Владата треба да свети дека неможе повеќе да продава магла и дека треба да се избориме за своја власт и своја држава“.
„ Според мене тешко дека Груевски ќе се осуди да направи предвремени избори. Мислам дека свати дека опозицијата станува јака, додава Оровчанец.

За Стојан Андов претседател на либералната партија, денешната средба Груевски Папандреу е многу значајна за Македонија. Андов на Груевски му посакува успех и конечно да се најде решение за името а со тоа и деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава.

„ Не гладам дека нашето државно раководсво е посветено да го реши ова прашање затоа што мислам дека ќе пропушти и овој пат да го реши прашањето и да ја деблокира позицијата на земјата, вели Стојан Андов – претседател на либерална партија.

Не верувам дека ќе има предвремени избори. Моменталната политика на владата е многу далеку од она што го ветуваше. Во моментов е многу неуспешна, а доколку продолжи вака сметам дека економски ќа ја заглави земјава уште десетина години, по што нема да може да излезе од амбисот  во кој ќе биде вовлечена, додаде Андов.
И Андреј Петров од СДСМ не очекува да се случи нешто спектакуларно од денешнта средба помеѓу двата премиери, бидејки информациите кои СДСМ треба да ги има по однос на ова прашање ги нема рече тој. Според СДСМ целата одговорност е во рацете на ВМРО ДПМНЕ.

„ Не можам да очекувам многу бидејки информациите по природа на нештата , главната опозициона партија СДСМ, треба да ги има ги нема. јас само се надевев дека за нашата земја ќе има нешто корисно, меѓуоа СДСМ бидејки е тотално на страна од ова што се случува стои на ставот дека целата одговорност за се што се случува е во рацете на премисрот и дека доколку имаат потреба нешто да споделат со нас, ние на таква лидерска средба ќе учествуваме, вели генералниот секретар на СДСМ Андреј Патров.

Сето она што се случува со протестите  кои ги организира власта е сценарио видено само во недомократски режими. Власта наместо да се занимава како да ги решава проблемите на луѓето се занимава со протести против опозицијата, со заплашување  на луѓето. Некои наши трибини се прекинувани од нивни насилници. Но тоа нема да не’ заплаши,тоа не прави уште посилни, а сите тие што учестваа во недозволени активности треба добро да размислат дека во моментот кога СДСМ ќе ја освои власта ќе бидат изведени пред лицето на правдата, додаде генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.

Тој кажа дека во  СДСМ за неколку месеци се зачлениле околу 6.500 нови членови и дека партијата  е постојано на терен.

{loadposition content9}