Skip to main content

Охрид стана конзулски град

За прв пат денеска во нашиот град се отвори конзуларно преставништво на Турција. Првиот охридско – струшко – вевчански почесен конзул, е бизнисменот Абдураман Бајрактар.

 |  Билјана Николовска  | 
За прв пат денеска во нашиот град се отвори конзуларно преставништво на Турција. Првиот охридско – струшко – вевчански почесен конзул, е бизнисменот Абдураман Бајрактар.

Денес се отвори првото конзуларно претставништво во Охрид. По тој повод Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Даутоглу денес престојуваше во нашиот град. Тој кај нас доаѓа по четврти пат. Кога се работи за Охрид, Даутоглу очигледно ги селектира најдобрите зборови. Вели, „Охрид е еден од најубавите светски градови“. Турскиот министер истакна дека со отварањето на конзуларното претставништво, се отвара куќа на сите охриѓани и граѓани на Македонија, а со тоа и секое катче на Турција е куќа на сите граѓани на Р Македонија. Даутоглу рече дека „од денес уште повеќе ќе се зајакне соработката меќу двете земји и вратите на идните инвеститори веќе се отворени“.

konzulat

Првиот почесен конзул на охридско – струшкиот регион Абдураман Бајрактар, рече дека со Турција отсекогаш имало и ќе има добра соработка, но сега со отварањето на почесното конзуларно претставништво ќе има големо олеснување на економско, политичко и културно ниво.
„Отварањето на конзулатот во Охрид, значи многу. Досега Македонија и Турција имаат извонредни односи, а со отварањето на конзуларното претставништво тие уште повеќе ќе се подобрат, посебно на економски план“. Со Турското конзуларно претставништво, мразот е пробиен“, рече Петрески и најави отварање на вакви претставништва со сите соседни земји, дури и со Холандија.


konzul

Турските бизнисмени можат да направат многу за Охрид и на полето на туризмот, вели Петрески. Најавена е авио линија Истамбул-Охрид, која ќе биде дополнително олеснување за бројните посетители. Турските претставници денеска се прошетаа низ Охрид, а во 20 часот треба да се сретнат и со Претседателот на Р Македонија Ѓорге Иванов во Скопје. Почесното конзуларно преставништво на Турција кое е сместено во бившите простории на веслачкиот клуб е времено решение.

{loadposition content9}