Skip to main content

Градоначалникот да ги отстрани дивите рампи на улиците кои се претворени во паркинзи

Од Центарот за комуникации на Вмро Дпмне продолжуваат и понатака да ги чешлаат работата и ветувањата на  градоначалникот Александар Петрески.

 |  Валентина Нелоска  | 
Од Центарот за комуникации на Вмро Дпмне продолжуваат и понатака да ги чешлаат  работата и ветувањата на  градоначалникот Александар Петрески.Тврдењето на градоначалникот дека оваа туристичка сезона е послаба во однос на лани заради невоспоставени директни авионски линии, за општинската Вмро Дпмне е неосновано. Според нив една од многуте причини за потфрлување во оваа туристичка сезона, се диво поставените рампи и улиците се претворени во паркинзи. Прашуваат зошто  градоначалникот не постапил по налогот на Државниот завод за ревизија и не ги отсранил затоа што договорот со фирмата е против правно склучен и без тендер.

Наташа Спасеска од  центарот за комуникации на Вмро Дпмне вели дека  работите одат и понатака во  крајност, па улицата кај некогашната стара автобуска станица се претвара во приватен паркинг. Што ќе се случи ако сите улици се претворат во паркинзи, прашуваат од Вмро Дпмне.

На денешната прес конференција пред новинарите од центарот за комуникации од оваа партија потсетија дека нема ништо од ветувањата за  изградбата на трите паркинг кули во близина на Горна Порта, кај пазарот и спортскиот центар. Го повикуваат градоначалникот  во преостанатиот мандат да ги  поправи  своите грешки и да даде отчет пред граѓаните.