Skip to main content

Одбележан денот на шегата 1-ви Април

Градскиот плоштад беше претесен да ги собере најмладите охриѓанчиња кои гордо парадираа, покажувајќи ги своите креации. Шестооделенците од Општинското основно училиште, „Св. Климент Охридски“ организираа маскенбал на кој беше избрана најдобра маска и најдобра шега.

 |  Крсте Голабовски  | 
klovn
кловн

aprilililiГрадскиот плоштад беше претесен да ги собере најмладите охриѓанчиња кои гордо парадираа, покажувајќи ги своите креации. Шестооделенците од Општинското основно училиште, „Св. Климент Охридски“ организираа маскенбал на кој беше избрана најдобра маска и најдобра шега.

Експлозија од бои и костими. Денес градскиот плоштад беше местото на кое најмладите охриѓанчиња од неколку основни училишта, покажаа  дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, преку омилените ликови од актуелните сапунски серии, па се до нашите локални комунални работници. Буквално на плоштадот можеше да се види се и сешто. Целта беше, одбележувањето на денот на шегата, 1 април.

Шестооделенците пак, од О.О Училиште „Св. Климент Охридски“, со помош на своите оделенски раководители и директорката на училиштето организираа мини манифестација, со која го одбележаа денешниот ден на шегата. За влез на забавата беа потребни 30 денари, а на шестооделенците им беа потребни две недели да ја организираат. Учествуваа ученици од пониските одделенија кои се натпреваруваа за најдобра маска и најдобра шега.

maskiИ овде можеа да се видат најразлични костими. Принцези, самовили, Бетмен, Спајдермен беа само некои од ликовите кои најмалите можеа да се погледнат. Сепак победата за најдобра маска ја однесе малечката Клаудија облечена како кловн. Целта на маскенбалот беше една, заедничка. Сите заедно да уживаат во добрата смеа.
Инаку, историјата на терање шега на 1 април е обвиткана со тајна. Некои сметаат дека овој своевиден празник се појавил кон крајот на средниот век во Европа, кога прераснал во „општонародна веселба“. Некои веруваат дека корените на тој народен празник достигнуваат до стариот Рим, познат и по тоа што тамошните жители умееле добро да се забавуваат. Други велат дека тој обичај се појавил во 16 век во Франција, поточно во 1564 година, а за тој кој е излажан имале обичај да речат дека добил „априлска риба“. Како и да е, хуморот и смеата воопшто, ни помага полесно да надминеме некои непријатни или тешки ситуации, а пак кога ќе се пошегуваме на сопствена сметка, експертите тврдат дека си помагаме и себеси и на другите.

{loadposition content9}