Skip to main content

Предвелигденска подготовка

Црквата Св Тројца украсена по теркот на манастирот Св Јован Бигорски. За тоа се погрижи Снежана Петреска која служи во оваа црква. Таа ни раскажа и за значението на Велигденските празници.

 |  Билјана Николовска  | 
ukrasuvanje
украсување

Sv. TrojcaНајтешки денови во годината се Велики четврток и Велики Петок. Според нашата религија вчерашниот ден беше Христосовото распетие и неговото упокојување на крстот. Додека пак денешниот ден е неговото погребение. Според религиските обичаи во минатото, на денешен ден верниците од жалост кон спасителот, ништо не јаделе. Според Снежана Петреска која се грижи за црквата Св Тројца во Охрид, овие два дена треба да се почитуваат правилно. Таа потенцира, дека добро е целиот христијански род да знае која е вистината за одбележувањето на овие денови. Паганството години наназад е присутно меѓу младите. Тие овие два дена ги нарекуваат паликоса што е спротивно на нашата христијанска вера, вели Петреска.
Црквата Св. Тројца се украсува по примерот на манастирот Св. Јован Бигорски. Петреска вели, црквата за време на постите е завиткана во црно, а свеченото украсување е во сабота во очи на Велигден.
Петреска за самиот ден Велигден, зборуваше со посебна почит. Рече дека за празникот достојно се подготвиле.
Пораката за Велигден се кажува во сабота после 12 часот. „Верата во Господ е основното мото кон кое треба да се придржуваме“, порача Петреска.
{loadposition content9}