Skip to main content

Распоред на богослужби за Велигденските празници

Централната богослужба за Велигден во Охрид ќе се одржи во Свети Климентовиот храм „Св. Пантелејмон“ на Плаошник со почеток во 23:30 ч. Со неа ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

 |  Маја Савиќ  | 
sveki
свеќи

PlaoshnikЦентралната богослужба за Велигден во Охрид ќе се одржи во Св. Климентовиот храм „Св. Пантелејмон“ на Плаошник со почеток во 23:30 ч. Со неа ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Велигденска богослужба ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

Распоред на богослужби за Велигденските празници:

03.04.2010 – ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО)
Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 ч. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.
04.04.2010 НАУТРО: Втора света литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8.00 часот.

04.04.2010 – ВЕЛИГДЕН
Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца со почеток во 17 ч.
Вечерна Архиерејска богослужба во црквата „Св. Софија“– Охрид.

05.04.2010 – Втор ден ВЕЛИГДЕН (ПОНЕДЕЛНИК)

Утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со поч. во 7.30 ч.
Архиерејска литургија во црквата „Св. Петар и Павле“ – Кичево.

06.04.2010 –Трет ден ВЕЛИГДЕН (ВТОРНИК)
Утрена со Златоустова литургија, во сите цркви, со поч. во 7.30 ч.
За Варош, во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“.

07.04.2010 – БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СРЕДА)
Архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ – Охрид, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

08.04.2010 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК

Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

09.04.2010 – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
Света Архиерејска литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.
{loadposition content9}