Skip to main content

Помалку барања за градби споредено со лани

До службите на Секторот за урбанизам и просторно планирање, градителите и инвеститорите во првите три месеци од годинава  поднеле помалку барања за издавање дозволи  за градба, информира раководителот на секторот, Бранко Арнаудов.

 |  Валентина Неловска  | 
gradba
градба

gradbaДо службите на Секторот за урбанизам и просторно планирање, градителите и инвеститорите во првите три месеци од годинава  поднеле помалку барања за издавање дозволи  за градба, информира раководителот на секторот, Бранко Арнаудов.
„Во првото тромесечие лани имало 40-тина барања  за одобренија на градби, а годинава интресот е за 30% помал“ објаснува Аранудов.

Намалениот интерес за градење не се должи на намалениот атрактивен простор во градот туку на рецесијата, дециден е Арнаудов.
Во Охрид, споредено  со останатите градови во земјава, има најголем интерес за градење и е на врвот по издадени дозволи  додава тој. Посочува и дека  интересот за  градење во најголема мера е насочен кон индивидуалните станбени градби. Но, она што загрижува е што при издавањето на дозволи за градби досега нити еден инвеститор не  поднесол задолжителен Елаборат за топлотна ефикаснот, донесен со закон  во 2009, а со примена од јануари оваа година. Локалните власти  сегашното игнонирање за поднесување на овој Елаборат го правдаат и со тоа што досега во Охрид нема овластени лиценцирани фирми кои би ги изработиле овој Елаборат. Тоа е дополнително финасиско и временско оптоварување  на  инвеститорите објаснува раководителот на сектор за урбанизам, Арнаудов. Покрај овој  Елаборат, во Охрид  нема кој да ги изработува и Елаборатите за оценка на влијанието за заштита на животната средина, нагласува Арнаудов.

{loadposition content9}