Skip to main content

Веслањето не смее да згасне

Александра Иваноска од веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид тренира веслање веќе десет години. Љубовта кон овој прекрасен спорт таа ја наследила од своите родители.

 |  Крсте Голабовски  | 
veslanje
веслање
Aleksandra IvanoskaАлександра Иваноска од веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид тренира веслање веќе десет години. Љубовта кон овој прекрасен спорт таа ја наследила од своите родители.

Чувството да се биде дел од овој спорт не може да се раскаже, може само да се доживее, вели таа.

Кога во биографијата ви стои дека вашата мајка е некогашен балкански првак и државен првак на поранешна Југославија во веслање, тогаш љубовта кон овој спорт ви е генетски пренесена. Александра Иваноска веќе десет години е членка на веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид. Задоволна, вели дека во клубот се работи сериозно. Се знае кога е време за работа, кога е време за забава. Таа посебно ужива во утринските тренинзи кога е мирно езерото.

„Тренираме во деновите кога не сме на зимски распуст од 7 часот наутро. Ако е убаво времето весламе по 15 километри. Доколку не ни дозволат временските услови тренираме внатре, или попладне, но најважен е тренингот наутро“, вели Алксандра.

Александра кажува дека веќе десет години со клубот на кој е членка, се државни прваци. Потенцира дека се задоволни од условите во кои тренираат, додавајќи дека просториите каде е сместен клубот се неодамна реновирани. Александра револтирано кажува дека не е задоволна од афирмацијата на овој спорт, кој кај нас е со 75 годишна традиција и се лути кога истиот го мешаат со кајакот. Имено разликите се повеќе од евидентни, од должината на чамците, материјалот од кој се изработени, па се до бројот на натпреварувачите и должината на патеката која се вози, кажува Александра. Сепак моментите на задоволство остануваат. И покрај љубовта која и ја пренела нејзината мајка некогашната бaлканска првенка Јулијана Николиќ, Александра и самата открила во што бескрајно ужива. Моментот кога се наоѓа во езерото опкружена со планините е моментот кој ја пленил Александра.

Следен натпревар од календарот кој ги очекува младите веслачи од веслачкиот клуб „Југ“, е регатата во Белград. Александра потенцира дека таму ќе може да застанат рамо до рамо со балканскиот веслачки крем. Минатиот месец Охрид беше пак домаќин на конгресот  Балканската Веслачка Асоцијација кој се искористи за лобирање, со цел да се направи обид да се добие организацијата на Балканското првенство во 2011 година и да се зголеми афирмацијата на еден од најстарите спортови кај нас.
{loadposition content9}