Skip to main content

Градежниците плаќаат за улиците кои ги валкаат

Инвеститорите кои  во моментов  градат куќи и згради  мора на сметката на ЈП „Комуналец“ да уплатат сума за вонредно одржување на јавната чистота. За вонредно чистење на улиците се плаќа според  големината на објектот, цените ги утврди грaдаскиот совет, а договор се склучува  со ЈП „Комуналец“.

 |  Валентина Неловска  | 
ulici
улици
uliciИнвеститорите кои  во моментов  градат куќи и згради  мора на сметката на ЈП „Комуналец“ да уплатат сума за вонредно одржување на јавната чистота. За вонредно чистење на улиците се плаќа според  големината на објектот, цените ги утврди грaдаскиот совет, а договор се склучува  со ЈП „Комуналец“.
Со овој договор претпријатието се обврзува да ги активира дополнително сите служби за одржување на јавната чистота. Улиците секојдневно се чистат, а во ноќните часови се  мијат, објаснува директорт на Комуналец.
Првиот човек ЈП Комуналец, Алчев истакнува дека досега не се случило возачи на камиони да бидат казнети заради неодржување на хигиена на возилата. Засега казни биле изречени заради необезбедување на ископаниот товар кој треба да биде покриен. Радува фактот дека полека се става ред во оваа сфера и се подига свеста на повисоко ниво за чисти улици од калливите камиони кои излегуваат од кругот на градилиштата.  За жал има инвеститори кои не плаќаат се до оној момент кога интервенира комуналната инспекција која ги задолжува со налог,  додава Алчев.
Во моментов јавното претпријатие Комуналец располага со едно возило за метење на улиците, а во тек е набавка на уште едно такво возило. Градските улици се мијат со две цистерни, а службата за одржување хигиена е засилена со поголем број на извршители.

{loadposition content9}