Skip to main content

Известување: МЈП „Проаква“

Со одводот на отпадните води проблеми имаат и граѓаните од населбата Радојца Новичиќ.

 |   | 
proakva
проаква

Со одводот на отпадните води проблеми имаат и граѓаните од населбата Радојца Новичиќ. И покрај преземените активности, односно, вклучување на две додатни пумпи, нивото на водата во системот во оваа населба сеуште е високо, информираат од МЈП „Проаква“. Очигледно се работи за прилив на вода од непознато потекло. Од ова претпријатие апелираат  на соработка со жителите од оваа населба и доколку граѓаните знаат за постоење на диви приклучоци или дефекти, истите да ги пријават на тел: 046/230-020. Сервисирањето ќе биде бесплатно. Доколку тоа не го сторат во рок од една недела, МЈП Проаква ќе пристапи кон целосна анализа на оваа населба и откриените нерегуларни приклучоци ќе бидат третирани согласно законските одредби.
{loadposition content9}