Skip to main content

Се одржа „белата вечер“

Големиот број проблеми со кои се соочува здравството во Македонија не беа причина за да не се одбележи Светскиот ден на здравството. На белата ноќ која се одржа во Охрид лекарите се пофалија за нивните активности во изминатата година.

 |  Билјана Николовска  | 
Belavecer
бела вечер

bela vecerГолемиот број проблеми со кои се соочува здравството во Македонија не беа причина за да не се одбележи Светскиот ден на здравството. На белата ноќ која се одржа во Охрид лекарите се пофалија за нивните активности во изминатата година.

Охридското здружение на лекарите едно од најактивните во државава. Ова беше констатирано на белата ноќ која се одржа на 10-ти  април во Охрид. По повод 63 години од постоењето на Светската здравствена организација, секоја година се одржуваат годишни состаноци на здруженијата на лекарите, а 7 ми Април официјално е признат како меѓународен ден на здравјето. Охридското здружение овој ден го одбележа на 10 април. Покрај стручното предавање на актуелната тема „Колоректален карцином“, кое го одржа Д-р Ацо Размоски, беа доделни многу признанија и награди. За својот 20-годишен ангажман Проф. Др. Васко Василески понесе високо признание во својата струка како гастро ентеро хепатолог. Василески пријатно изненаден од ова признание.
Др. Илија Прангоски, претседателот на охридското здружение вели дека не е лесно да се добие пиететот на најдобри.
Проф. Др. Јован Тофоски во име на претседател на македонското здружение на лекари ја пофали годишната активност на охридското здружение на лекари. Тој рече дека добро е што присуствувале на состанокот во Охрид, бидејќи според него само така изворно можеле да слушнат за активностите на здружението.
За интересите на докторите од сите сегменти, приватни, јавни и државни се грижи комората на лекарите. Првиот човек на оваа комора Проф. Др. Владимир Борозанов рече дека „еснафот мора да биде општествено и хумано настроен кон сите доктори, но вложувањето во знаење на охридските доктори според него посебно се истакнува“.
Според изјавите на претседателите на повеќе  инстанци во медицината, докторите повеќе од очигледно се вљубени во Охрид и нашиот град посебно го почитуваат. Нивните стремежи се што повеќе современи светски трендови во делот на медицината, да ги донесат и во Охрид.
{loadposition content9}