Skip to main content

Две aлбански паралелки во ЕМУЦ

Две паралелки на албански наставен јазик во ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Оваа новина беше обелоденета пред десетина дена со распишувањето на конкурсот за уписи во средно образование. Директорот на центарот вели: До сега ниту сме планирале ниту пак имаме потреба од вакви паралелки“. ВМРО НП пак обвинува дека со овој зафат министрството прави албанизација на Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
EMUC
ЕМУЦ
SrednoshkolciДве паралелки на албански наставен јазик во ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Оваа новина беше обелоденета пред десетина дена со распишувањето на конкурсот за уписи во средно образование. Директорот на центарот вели: До сега ниту сме планирале ниту пак имаме потреба од вакви паралелки“. ВМРО НП пак обвинува дека со овој зафат министрството прави албанизација на Охрид.

Две паралелки по албански наставен јазик со 68 ученици во Електро машинскиот училишен центар Свети Наум Охридско во Охрид. Оваа новина министрството за образование ја зацрта со конкурсот кој го распиша пред десетина дена. Директорот на ЕМУЦ, Бошко Сиљаноски  вели дека се изненадени од одлуката на министрвото бидејки досега не почуваствувале потреба од отворање на вакви паралеки во училиштето.

„ За воља на вистината ние како училиште немевме предвидено паралелки на албански јазик.  Нормално ако профункционираат паралелките и наставниот кадар ќе треба да биде на албански јазик, што укажува на фактот дека ќе има нови вработувања“, истакна дирекоторот на ЕМУЦ Бошко Сиљаноски.

Тој додава дека според конкурсот една паралелките која ќе се отвори е за  техничари за патен сообракај. За сега ваква струка има само во Битола, во овој регион нема поблиску,додава дирекорот. Другата паралелка е за електротехничари енергетичари.Такви паралелки најблиску до нас има во Кичево.Спрема она што го имавме минатите години, нема голем интерес за запишување на ученици од албанска националност, додава дирекоторот.
На конкурсот на министерството и на идејата за отворање на албански паралелки во ЕМУЦ, реагираат и од ВМРО НП. Претсдеателот на оваа партија Ванчо Костоски вели: „Овој проект не е ништо друго туку албанизација на еден од најчистите градови во западна Македонија – Охрид, под капа на министрството и министерот Никола Тодоров“.

„„ВМРО НП остро реагира за оваа одлука на министерот Тодоров. Мислиме дека нема потреба од отвворање на вакви паралелки. Згора на тоа не е запазена ни процедурата за распишување на ваков конкурс. За вакво нешто треба локалната самоуправа да пораба мислење  дозвола од министрвото, а потоа за ова да одлучи советот на град Охрид“, вели Костоски.

Тој уште обвинува дека покрај тоа што се прави албанизација, во училиштето нема ни простор за тие ученици. Во центарот нема слободни простории вели тој.

„ Второ уште поголем проблем и грешка на министрвото е што во Охрид само 40 тина ученици завршуваат основно образование на албански јазик. Хипотетички доколку сите се запишат, тој број на ученици нема да биде доволен за пополнување на бројот на предвидени ученици. затоа за да се осполни квотата ќе треба да се носат ученици од другите градови“, додава Костоски.

Претседател на ОО ВМРО НП уште вели дека отворањето на албански паралелки во Охрид, ќе придонесат за разгорување на конфликтите, со кои мака мачат во Нико Нестор во Струга. „ Доколку министерот не ја повлече идејата бараме негова оставка, затоа што по многуте хировиова е капак на се, додава Костовски.
Од Министерството за образование денес не беа достапни за коментар.

{loadposition content9}