Skip to main content

Далечинско очитување на водомерите

„Примена на современа технологија во управување со водоводни системи“, е темата на стручното советување кое деновиве се одржува во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
citanje vodomeri
читање водомери

dalecinski vodomeri„Примена на современа технологија во управување со водоводни системи“, е темата на стручното советување кое деновиве се одржува во Охрид.

Советувањето е во организација на  австриската компанија ЕВТ-ЕЛИН и Техноскоп-Скопје. Целта е претставување на системот и размена на искуствата од примената на истиот.
Системотот на далечинско очитување на водомерите ветува. Една од најреномираните светски компании за производство на водомери EWT– ELIN Wasserwerkstechnik од Австрија, заедно со долгогодишната партнер фирма Техноскоп од Македонија го претставија системотот на далечинско очитување на водомерите. Мајкл Шварцман, менаџер на австриската компанија EWT– ELIN истакна дека е задоволен од отвореноста и заинтересираноста на македонските претпријатија за следење на технолошките трендови. Тој ја поздрави заинтересираноста на македонските комунални претпријатија за овој систем и ги истакна атрибутите на истиот.


vodomeriДосега, во нашата држава водомери со далечинско отчитување се поставени во Скопје, Кочани, Охрид, Струмица и Прилеп. Станува збор за инвестиција која чини околу 100 евра по водомер. Први од комуналните претпријатија, кои го имплементираа далечинското читање на водомерите беа од КЈП, Кочани и Струмица.



Директорите задволни од преформансите на водомерите, велат дека станува збор за една од најоправданите инвестиции во унапредувањето и осовременувањето на комуналните системи кај нас.
Овој систем, всушност е наменет за прием, обработка и пренос на импулсите од водомоерите со помош на радио бранови.Отчитувањето на водомерите се врши на три начини: со одење, преку возило во движење и тоа до 60 км/ч и преку GPRS технологијата. Инаку системот овозможува редовно читање на водомерите, без нарушување на комодитетот на граѓаните, ги јавува дефектите во мрежата и неовластеното манипулирање со водомерите.

{loadposition content9}