Skip to main content

Во чии раце ќе заврши домот „Ванчо Питошески“?

Локалната администрација покрена иницијатива домот за средношколци „Ванчо Питошески“ да се  издвои од угостителското училиште, во чиј склоп работи веќе 47 години.

 |  Валентина Неловска  | 
Vanco Pitosheski
Ванчо Питошески

Vanco PitosheskiЛокалната администрација покрена иницијатива домот за средношколци „Ванчо Питошески“ да се  издвои од угостителското училиште, во чиј склоп работи веќе 47 години. Од локалната причините за оваа постапка ги лоцираат во зајакнување на воспитната улога и стручната работа  на домот. Меѓу причините се вбројува и можноста за менаџирање со домот во туристичката сезона и остварување на дополнителни приходи. Објаснуваат дека 14–те професори не може да ги остварат овие цели. Угостителското училиште „Ванчо Питошески“ и досега во туристичката сезона го користеше овој  дом за остварување  дополнителен приход. Со неговото издвојување ќе секнат и парите како дополнителен приход на угостителско. Оваа иницијатива ја заинтегрира охридската јавност,  што добива локалната самоуправа, со тоа што во свои раце ќе го земе домот и со него ќе стопанисува, а што при тоа губи училиштето. Од локалната самоуправа во случајот не гледаат губитници. Како крајни добитници на оваа иницијатива ги посочуваат учениците со тоа што ќе добијат подобра услуга и функција од воспитен аспект.  Локалците децидно ги отфрлаат како  шпекулација нагаѓањата на чаршијата дека Домот ќе заврши како хотел во нечии раце. Потенцираат дека тој и понатака ќе остане дом за сметување на средношколци, и покрај се погласните најави и намери охридската касарна да се претвори во студенско-ученички кампус.
Од локалната самоуправа негираат дека за одвојување на домот од средното училиште амин треба да даде Владата. Нагласуваат дека средното угостителско училиште е општинско и домот ќе добие статус на посебно правно лице и дека не постојат  правно-формални пречки.  
{loadposition content9}