Skip to main content

Охрид го доби својот холандски парк

„Место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома“.

 |  Крсте Голабовски  | 
holandski park„Место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома“.

Вака го нарече Холандскиот парк во Охрид, Холандската амбасадорка во Македонија Симеоне Филипини. Станува збор за потврда на повеќедецениската врска на Охрид со холандските гости.

Со низа свечености денес заврши првата фаза од реализацијата на проектот, Холандскиот парк во Охрид. Симеоне Филипини, холандската амбасадорка во Македонија потенцира дека ова не е нов почеток на пријателските односи меѓу овие две земји, бидејќи односите се на завидно ниво. Ова е обид за промоција на Охрид и Македонија во Холандија, поради прекрасните можности за развој на туризмот со кои располагаме, додаде таа. Холандските туристи кои веќе се во Охрид ја потенцираат потребата од промоција на Охрид не само на холандскиот туристички пазар, туку во Европа воопшто.

Во правец на туристичката промоција на Македонија, Филипини информира дека активно се работи на промоција во холандските туристички списанија и останати медиуми. Таа додаде дека Македонија полека станува реалност за холандските туристи. А, отварањето на вакво место само ќе придонесе за привлекување на холандските туристи, потенцира холандската амбасадорка.

Filipini pred spomenik Den Dolaard

-Не познавам холанѓанец кој што ги посетил Македонија и Охрид, а кој потоа не станал голем амбасадор на вашата земја која изобилува со гостопримство, многу убавини, добра храна и очекувам се поголем број холандски туристи да доаѓаат во Македонија, изјави амбасадорката Филипини.
За утре се очекува да пристигне првата група холандски туристи .Нивното доаѓање во Охрид се совпаѓа со одбележувањето на Денот на холандската кралица – 30ти Април. Оваа година се очекува во Охрид да престојуваат околу 5000 туристи од Холандија кои во Македонија ќе доаѓаат со чартер лет од Амстердам. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески истакна дека веќе се создадени услови, после две турбулентни децении на Балканот холандските туристи да им се варата на благодетите на нашето поднебје.

Петрески додаде дека се надева со почетокот на летната туристичка сезона да биде воспоставена и директната чартер линија Амстердам – Охрид. Инаку првите холандски туристи  во Македонија ќе допатуваат со „Трансавија“, компанија која ужива исклучителна доверба кај холандските граѓани, што е мошне важно кога станува збор за туристи кои доаѓаат од европските земји.
{loadposition content9}