Skip to main content

„Велофест 2010“ денес во Охрид

Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ денес во Охрид. Преку оваа платформа влеосипедот на охриѓани им беше претставен не само ко превозно средство туку и како начин на живеење.

 |  Крсте Голабовски  | 
velofest
велофест

VelofestКреативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ денес во Охрид. Преку оваа платформа влеосипедот на охриѓани им беше претставен не само ко превозно средство туку и како начин на живеење.

Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ денес во Охрид. За ова негово прво издание, одбрана е тема која е најблиска до граѓаните и чијшто развој може да предизвика најголем долготраен ефект во однос на велосипедизмот на национално ниво, а тоа е темата „Градски велосипедизам“.Стотина велосипедисти, професионалци и рекреативци, зедоа учество на овој фестивал. Холандската амбасадорка, Симеоне Филипини беше една од  оние кои уживаа во  ова превозно средство.

На дефилето учествуваа и припадниците на специјалната велосипедска единица на СВР Охрид. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку изложби на фотографии на најстари велосипеди, уметнички велосипеди, а ќе бидат презентирани и неколку документарни филмови за историјата на велосипедизмот.

Овој фестивал е во организација  на Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ од Скопје, а Холандската амбасада се јавува како еден од најголемите подржувачи на фестивалот.
Filipini na tocak

Велофест

{loadposition content9}