Комуналните претпријатија од Охрид ќе си добијат братче
Охрид наскоро треба да го добие своето четврто јавно претпријатие кое ќе се вика „Нискоградба“.
Шахта
Охрид наскоро треба да го добие своето четврто јавно претпријатие.
На утрешната седница на Советот на општината, членовите на советот треба да расправаат и одлучат по предлог одлуката за основање ова претпријатие кое едноставно ќе биде насловено како „Нискоградба“.
Уште едно јавно претпријатие наскоро ќе почне да функционира во Охрид. Покрај, „Комуналец, „Проаква“ и „Биљанини извори“, нивно најново братче треба да биде ЈКП „Нискоградба“. На утрешната 17-та седница, членовите на советот од општината треба да расправаат и одлучат за предлог одлуката за основање на ова претпријатие. Портпаролот на општината, Никола Манески потенцира дека целта за формирањето на ова претпријатие ќе биде квалитетно и навремено извршување на зафати од комуналната сфера. Претпријатието ќе се занимава со изведување на зафати од типот на санирање на канализационата мрежа, тампонирање на ударни дупки на локалните патишта и слично.
Манески додаде дека се до неговата регистрација, и конституирање на неговите органи, односно, УО, НО и директор, со ова претпријатие ќе раководи еден од советниците. Негов основач е Советот на општината, а неговата големина Манески ја коментира како претпријатие кое ќе биде „Поголемо од ЈКП „Биљанини извори“, а помало од ЈКП „Охридски Комуналец“. Манески додаде дека основачкиот влог на општината изнесува 320.000 денари или 5200 евра. Покрај овие средства на основачот, претпријатието ќе се финансира уште и од давањето на услуги.
На хартија се изгледа идеално, но останува дилемата како навистина сето ова ќе биде реализирано во пракса. Дали и на ова јавно претпријатие ќе му се случи истото што и на „Билјанини извори“ на кое му беа ветени дел од паркинзите од каде требаше да ги обезбедува сопствените финансиски средства, но сеуште работите се на мртва точка.
{loadposition content9}