Skip to main content

Таксата за музика од 50 до 100 евра

Сопствениците на кафаните и кафулињата ако сакаат да пуштаат музика во нивните локали ќе треба да плаќаат такса од 50 до 100 евра. Оваа рамка за висината на комуналната такса е утврдена според Законот за комунална такса. И Охридските кафулиња годинава нема да бидат поштедени од тоа.

 |  Билјана Николовска  | 
ohrid
охрид
carshija

Сопствениците на кафаните и кафулињата ако сакаат да пуштаат музика во нивните локали ќе треба да плаќаат такса од 50 до 100 евра. Оваа рамка за висината на комуналната такса е утврдена според Законот за комунална такса. И Охридските кафулиња годинава нема да бидат поштедени од тоа.

Охриѓани годинава ќе мора да ја платат комуналната такса за музика. Во Локалната самоуправа во Охрид се подготвува цената за новата давачка на кафанџиите. Иако сеуште нема одделение за комунални такси тоа не е пречка годинава да се воведе оваа давачка. Петрески изјави дека сосема ја разбира моменталната криза со која се соочуваат кафетериите во градов па затоа ќе биде земено најниското ниво од законската ставка за плаќање на оваа такса.
Од општинскиот комунален инспекторат се подготвуваат за оваа законска одредба. Раководителот Танас Танасоски вели дека оваа такса веќе била очекувана и додава дека минатогодишните санкции од нивна страна за бучавоста сеуште не се разрешени до крај од повисоките инстанци.
Оваа нова давачка секако не е добредојдена за сопствениците на кафетериите. Некои од нив кои не сакаа да коментираат пред нашата камера рекоа дека ќе излезат со свој став одкога ќе ги добијат решенијата в рака. До тогаш ќе бидат воздржани.
{loadposition content9}