Skip to main content

Успешна акција: „Имаш 5 минути дарувај крв спаси нечиј живот“

30 –тина студенти  од Факултетот за туризам и информатички технологии се одзваа и даруваа крв на денешната заедничка акција на ОО„Црвен крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид. Еден од студентите беше и Крсте Костоски кој во повеќе наврати досега има дарувано крв.

 |  Валентина Неловска  | 
crven krst
Црвен крст
krvodaritel30 –тина студенти  од Факултетот за туризам и информатички технологии се одзваа и даруваа крв на денешната заедничка акција на ОО„Црвен крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид. Еден од студентите беше и Крсте Костоски кој во повеќе наврати досега има дарувано крв.
Потребите на одделенито за трансфузиологија при Општа болница се задоволуваат со вакви хумани крводарителни акции, но и преку доброволни дарувања на поединци во нашето одделение нагласува д-р Соња Србакоска, специјалист трансфузилог.
Денешната акцијата со наслов „Имаш 5 минути дарувај крв спаси нечиј живот“ како успешна ја отцени и проект координаторот, Мимоза Ставрева од општинската организација на Црвен Крст. На 15 –ти мај, во паркот кај Амамот, преку крводарителна акција ќе се одбележи роденденот на обложувалниците Премиер, па по тој повод ќе следуваат и вредни награди информира Ставрева. Од таму најавуваат  и други големи крводарителни акции. Една од следните акции ќе се реализира на 14 јуни по повод Светскиот ден на крводарување. Следуваат  и традиционалните крводраителни акции на Плаошник и во Скребатно.
{loadposition content9}