Skip to main content

За соијалните случаи, нема бесплатни учебници

Корисниците на социјална помош се жалат дека нивните деца не добиле бесплатни учебници.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Надлежните во Охрид креваат раменици- од Министерството за образование се уште не им испратиле допис со кој ќе ги информираат како треба да се реализира оваа владина одлука.

Голем број од корисниците на социјална помош секојдневно се обраќаат до Центарот за социјални грижи. Неинформирани, учебниците ги бараат во  оваа институција.
Од Центарот за социјални грижи објаснуваат дека нивна обврска е само да им издадат потврди на семејствата кои добиваат социјална парична помош. До сега, издадени се 230 потврди. 

Раководните лица во училиштата велат дека од Министерството за образование сеуште не ги информирале како треба да спроведе одлуката за давање бесплатни учебници на децата од социјално загрозените семејства.
И од Подрачната единица на Државниот просветен инспекторат потврдуваат дека надлежното министерство до нив, се уште нема испратено официјален допис. 
Во очекување на потребните информации, училиштата ги прибираат потврдите издадени од Центарот за социјални грижи. 

За да добиеме објаснување со кое би се разјасниле поединостите по ова прашање, контактиравме со потпаролот на Министерството за образование, Маја Корубин. Конкретен одговор не добивме. На прашањето како треба да тече постапката за добивање на бесплатните учебници за децата- социјални случаи, потпаролот не го знаеше одговорот. 

Инаку, годинава за обезбедување на бесплатни учебници за социјално загрозените семејства од државниот буџет се издвоени 250 милиони денари.