Skip to main content

Скок со стап или саглам чаршија ова лето?

Можност во Охрид конечно да се реши проблемот со поставувањето урбана опрема.

 |  Крсте Голабовски  | 
urbana oprema
урбана опрема

Можеби ова лето нема да се сопнуваме на масите и столчињата, па дури ќе можеме и да си се разминеме со сограѓаните на ул.„Самоилова“.

Ќе се стави ли конечно крај на панаѓурскиот туризам во Охрид? Релевантните политички субјекти во градов веруваат дека со усвојување на Годишната програма за поставување урбана опрема, ќе се среди нередот по кој Охрид за жал стана препознатлив последниве неколку години. Од редовите на опозицијата го поздравуваат овој потег и се надеваат дека со ова ќе се реши проблемот со поставувањето на урбаната опрема, но потенцираат дека програмата има одредени слабости и недоречености, кои најмногу се однесуваат на таканречениот простор за комуникација кој во неа не е прецизно изразен. Исто така од редовите на опозцијата се сомневаат и во успешноста на нејзината реализација.

turistiОд редовите на позицијата пак согласни во подршката за донесувањето на оваа годишна програма. Фирмата која ќе биде задолжена за нејзина изработка е „КАБ“ стил, а при изработката на истата се внимавало да бидат запазени сите норми и прописи, потенцираат советниците од позицијата. Советникот Томислав Тунтев истакна дека иако сега имаат рамка во која ќе може да дејствуваат, соработката меѓу сите релевантните фактори е клучна. И инспекциските служби и полицијата мора тесно да соработуваат со цел успешна реализација на програмата.

Градоначалникот Александар Петрески пак, ја потенцира потребата од соработка помеѓу инспекциските служби кои се под јурисдикција на локалната и оние кои се под надлежност на државата. Останува да се надеваме дека ова лето конечно ќе се воведе ред и ќе се спречи поставувањето на секакви-некакви тезги буквално насекаде како и узурпирањето на улиците со урбаната опрема на кафулињата, а Охрид конечно ќе ја добие сликата на град за каков претендира да биде.

tezgi

{loadposition content9}