Skip to main content

Први мај одбележан со ниски плати и скратени работнички права

За охридските работници, 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, поминува во знак на се поголема  егзистенцијална загрозеност, со просечна плата од 200 евра и скастрени работнички  права.

 |  Валентина Неловска  | 
ssm
ссм
protestЗа охридските работници, 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, поминува во знак на се поголема  егзистенцијална загрозеност, со просечна плата од 200 евра и скастрени работнички  права. Измените во Законот за работни односи во повеќе наврати се  гласаа без консензус на социјалните партнери. Синдикалците не се задоволни од текот на социјалниот дијалог и од топењето на работничките права. Социјалната слика во општината не е ни малку розова вели првиот општински синдикалец,  Драган Цветаноски.
Голем број од работниците не се синдикално организирани. Оние кои се,  пак , најчесто  на вратата од општинската организација чукаат за помош кога се повредуваат нивните права нагласува Цветаноски. Кажува дека работниците најчесто се жалат на неисплатени плати, придонеси и патни трошоци.
И покрај лошата социјална слика во земјава, и простестите на стечајците пред Влада, македонските синдикалци Меѓународниот ден на трудот го прославија мирно со свечена манифестација, која се одржа во Скопје, под мотото „Запознај го својот синдикат и зачлени се“. Македонските синдикалци допрва ќе ги афирмирале платформите на гранковите синдикати за работничките права. Раководството на сојузот на синдикатите на Македонија како да сакаат на овој начин допрва да ги учат македонските работници на нивните права.
{loadposition content9}